Лекции по лидерство од Мајкл Џордан

117

НБА ѕвездата Мајкл Џордан остави длабок печат не само за екипата во којашто играше, Chicago Bulls, туку и во светската кошарка. Но, тој е препознатлив и како добар лидер и успешен во она што го работи денес.

Посветеност

Некои од највпечатливите натпревари, Џордан ги одигра во скоро невозможни услови. Играше додека имаше труење со храна, како и по смртта на неговиот татко. Но, секогаш наоѓаше нова енергија што му помагаше да блесне на теренот.

Имам пропуштено над 9.00 кошеви во мојата кариера. Изгубив скоро 300 натпревари. 26 пати ми беше дадена доверба за последниот кош и јас промашив. Паѓав односно и одново во мојот живот. Токму поради тоа и успеав“, Мајкл Џордан, Last Dance.

Одберете го подолгиот пат

Има убавина и мудрост во тоа да се одбере подолгиот пат. Тоа ве учи на трпение, посветеност, концентрација и големи сознанија за пасијата што ве води. Сите овие елементи се важни за успех на еден лидер.

Бидете искрени со играта, бидејќи и таа ќе биде искрена со вас. Доколку се обидувате да одите по пократкиот пат, тогаш и играта ќе го скрати патот до вас. Ако вложите напор, тогаш очекувајте добри работи да ве следат. Тоа е сосема точно за играта и за животот, исто така“, Мајкл Џордан.

Популарноста никогаш не е цел

Не е тајна дека Џордан не бил од секогаш најпопуларниот меѓу играчите во тимот. Во неколку епизоди од документарецот The Last Dance, е прикажано како тој добива различни несоодветни прекари. Но, сите оние кои го критикуваа неговиот пристап, по неколку години ја признаа неговата големина како лидер.

Победата има цена исто како и лидерството. Затоа ги туркав луѓето кога тие не сакаа некој да ги турка. Ги предизвикував луѓето кога не сакаа да бидат предизвикани. Го заслужив тоа. Тие не ги издржаас сите оние работи што ги издржав јас“, Мајкл Џордан.

Неуспехот е основа

Иако некогаш не ви оди нешто од рака, секогаш постои лекција што ќе ви биде важна за во иднина.

Учењето е подарок дури и кога болката е вашиот учител“, Мајкл Џордан.

Фото: Facebook