Лекот Ивермектин од утре достапен во аптеките – ќе чини околу 300 денари

252

Во земјава пристигна лекот Ивермектин, наменет за болните од Ковид – 19, а веќе од утре ќе се најде во аптеките, посочува Љирим Шабани, инаку директор на Агенцијата за лекови за МИА.

“Лекот е стигнат во земјава, се прават последни процедури за да се стави во промет и најверојатно од утре веќе ќе биде достапен. Цената на лекот ја одредува Министерството за здравство, но мислам дека ќе чини околу 300 денари“, истакна Шабани.

Инаку, Шабани минатата недела информираше дека се одобрени сите барања од болниците и веледрогериите кои исполниле услови.

“Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Ние ги завршивме сите административни процедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има локдаун во неколку држави заради празниците“, посочи Шабани.

Фото: Pixabay