Лекот против Ковид-19 можеби лежи на морското дно во Црна Гора

162

Професорот Херман Ерлих од Bergakademie Freiberg од Германија вели дека Црна Гора во морското дно има извонредна можност за производство на природен антивирусен и антибактериски лек, којшто може да се добие од златниот сунѓер, а смета дека тој е ефикасен и во борбата против коронавирусот, пренесува Екапија.

“За почеток, соодветните институции може да не прашаат за бромотиросинот од овие сунѓери за анти о ковид тестови“, вели доктор Херман Ерлих, кој истакнува дека на темата златни сунѓери соработува со колеги од Институтот за биологија на море од Котор, од 2008 година.

Одговарајќи на прашањето дали супстанците од овие сунѓери може да лечат заразени од коронавирус, тој одговори дека може. Вели дека во Јадранското море расте сунѓер кој има способност да се одбрани од бактерии и вируси, меѓу кои се и RNA вируси како што е SARS Cov -2.

Истакнува дека во Црна Гора има резервоар каде тој вештачки се одгледува,a експерти од Freiberg  ги проучуваат со колеги од Институтот за билогија на море и фармаколози од Универзитетот Дрезден.

Професорот објаснува дека сунѓерот не е пребирлив што се однесува до храната, туку зема тоа што водата ќе му донесе.

Водата му носи и вируси и бактерии коишто тој ги убива без никаков проблем, иако нема имунолошки систем. Дури и кога ќе се повреди, овој сунѓер спречува во неговата отворена рана да продре вирусот или бактеријата, затоа што предизвикува хемиска реакција при која настанува измена на аминокиселините во бромтиросини.

Досега научниците успеале да дефинираат 35 бромтиросини кои што ги уништуваат непознатите тела кои што се обидуваат да продрат во сунѓерот, буквално сите бактерии и вируси.

Покрај тоа, бромтиросинот спречува создавање протеини, и со тоа спречува ширење на RNK вирусите каков што е и Ковид-19.

Фото: Pixabay