Леонардо Ди Каприо ќе снима филм за скандалот во Volkswagen

1

leonardo di kaprio

Мега скандалот поврзан со мерењето на штетни гасови на дизел автомобилите на германскиот производител Volkswagen ќе се пренесе на големото филмско платно, пишува Independent.

На почетокот на овој месец, Paramount ги откупи правата за книгата на новинарот на New York Times, Џек Јуинг, во којашто ќе бидат сместени детали околу овој скандал. На продуцентското столче на овој филм ќе седнат Леонардо Ди Каприо и Џенифер Дејвидсон.

Не се исклучува можноста Ди Каприо да го толкува ликот на поранешниот извршен директор на Volkswagen, Мартин Винтеркорн.

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen од минатиот месец се соочува со најголемиот скандал во историјата на своето постоење, а се однесува на лажен софтвер којшто покажува пониска емисија на штетни гасови во дизел возилата од реалната.