Лет за никаде распродаден за 10 минути

146

За време на пандемијата, патниците не го пропуштаат само патувањето со авион во друга земја, туку и искуството со летање. Затоа авиокомпанијата Qantas одлучи да им понуди на патниците “лет без дестинација“.

Седумчасовниот лет до никаде на австралискиот превозник Qantas, кој започнува и завршува на аеродромот во Сиднеј, е распродаден за 10 минути, а најскапиот билет чини 4.000 долари.

“Тоа е веројатно најбрзо продадениот лет во историјата на авиокомпанијата“, изјави извршниот директор на Qantas, Алан Џоис.

Тој додаде дека тоа е затоа што на луѓето им недостасува патување и искуство со летање, и доколку има побарувачка, оваа авиокомпанија ќе размисли да воведе повеќе вакви летови за време на периодот на затворени граници.

Qantas им се придружи на мал број авиокомпании кои започнаа да вклучуваат патувања “до никаде” во нивната понуда, обидувајќи се да се справат со драстичниот пад на воздушниот сообраќај поради пандемијата на коронавирусот.

Eva Air, една од најголемите авиокомпании во Тајван, им понуди на патниците патување кое започнуваше и завршуваше во Тајпеј на 8 август. Јапонската авиокомпанија All Nippon Airways им даде слично искуство на патниците од аеродромот Нарита во Токио. Минатата недела имаше навестувања дека Singapore Airlines исто така сака да започне летови кон никаде што ќе полетаат и слетаат на аеродромот Чанги следниот месец.

Седумчасовниот лет на Qantas, кој треба да се реализира на 10 октомври, ќе биде со B787 Dreamliner, обично резервиран за меѓународни и долги релации.

Авиокомпанијата им ветува на патниците живописен поглед и летање на ниско ниво над пределите во Австралија.

Фото: Pixabay