Да им помине меракот за летање – три часа во воздух со Hello Kitty авион

57

Пандемијата посебно ги погоди оние кои поради работата или начинот на живот постојано патуваа. Авиокомпанија од Тајван нуди едно помалку чудно искуство за своите патници – лет без одредиште, пренесува CNN.

Па така, Eva Air, еден од најголемите авиопревозници во Тајван, за осми август, Денот на татковците, нуди лет што трае три часа. “Патниците“ тргнуваат од аеродромот во Тајпеј, поминуваат три часа во воздух и пак се враќаат на истото место.

На ова чудно патување ќе се лета авион Hello Kitty, а патниците ќе уживаат во бесплатен интернет и други услуги што се вообичаени на другите летови.

Храната што ќе биде послужена на летот е дело на Мотоказа Накамура, шеф што е добитник на три Мишелинови ѕвезди.

Патувањето во економска класа ќе изнесува 150 евра, а може да се доплатат уште 30 евра за повисока класа.

Фото: Facebook