Летни кредитни освежувања од Стопанска банка

32

logo 70 godini-01

Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која во своето работење и суштински се води според мотото “на ваша страна“, Стопанска банка АД – Скопје ги следи потребите на своите клиенти, и за ова лето подготви освежувања на својата кредитна понуда со дополнителни поволности.

За сите поднесени или одобрени барања за Станбен кредит до 31.08.2014 година, покрај гарантираните каматни стапки за првите пет години, Стопанска банка нуди и значително олеснување односно нула денари за административни и трошоци за процена. Ова го прави овој кредитен производ особено поволен и атрактивен за сите оние кои посакуваат сопствен дом.

За сите оние кои ова лето сакаат да инвестираат во реновирање и опремување на својот дом, Стопанска банка ги подобри и условите за кредитирање на потрошувачките кредити до 10.000 евра, кои се без обезбедување, достапни за само 30 минути од поднесување на барање во филијалата, и со нула денари за административни трошоци до 31.07.2014.

Дополнителна поволност добиваат и клиентите кои ќе аплицираат за MASTERCARD кредитни картички до 31.08.2014 година, кои ќе добијат 0% каматна стапка за сите купувања направени до крајот на септември.

Со оваа комбинација на поволности кај кредитните производи, Банката се приближува до потребите на клиентите, ги олеснува првите чекори во добивање на кредит и ја поттикнува кредитната експанзија во претстојниот период.

Советниците за кредитирање се достапни во филијалите на Банката со детални информации за секој производ, но и препораки и совети за избор на тип на кредит кој најдобро одговара на буџетот, потребите и можностите на клиентот.