Levi Strauss на берза со вредност од 6,5 милијарди долари

33

Вредноста на американската компанија Levi Strauss, којашто се приклучува на берза по 34 години отсуство, се проценува на 6,5 милијарди долари, пишува BBC.

Акциите на брендот ќе бидат 17 долари, што е над очекуваната вредност од 14 до 16 долари по акција.

Компанијата продаде акции во вредност од 623 милиони долари на институционални инвеститори пред да истите да бидат ставени на јавна продажба.

Levi Strauss на Њујоршката берзата ќе оди под името LEVI.

Планот на брендот, којшто постои 166 години, е да го прошири својот бизнис од фармерки за мажи во повеќе производи за жени и да отвори повеќе продажни места.

Фото: Pixabay