Лица со физичка попреченост тешко врзуваат крај со крај

11

Во текот на 2019 година, 26,1% од возрасните во Европската унија со физичка попреченост кои живееле во домаќинства се соочиле во финансиски потешкотии, во споредба со 16% што е меѓу возрасната популација без попречености.

Во Македонија, според податоците на Eurostat, во 2019 година 28,4% од домаќинствата во коишто имало лица со физичка попреченост, се соочиле со финансиски потешкотии.

Меѓу земјите членки на Европската унија, околу две третини од луѓето со попреченост се соочиле со финансиски потешкотии – Грција (76,5%) и Бугарија (65,7%). Во слична позиција се и: Хрватска (49,2%), Кипар (43,2%) и Романија (40,9%).

Од друга страна, најмалку потешкотии имаат: Финска (9,9%), Германија (10,4%), Шведска (13,1%), Луксембург (14%), Данска (15,8%), Австрија (16,2%), Холандија (18,2%) и Естонија (19,6%).

Фото: Pexels