Lidl ќе отвори технолошки центар во Букурешт

22

lidlФото: Pixabay

Познатиот германски ланец на супермаркети Lidl најави дека ќе отвори современ технолошки центар во главниот град на Романија и ќе го нарече Lidl Digital. Овој центар ќе се занимава со развој на дигиталните платформи на Lidl, објави романскиот Insider.

Досега, ваков центар имаше само во Германија, но, гигантот се одлучил да ја прошири дејноста и во Букурешт бидејќи престолнината на Романија е позната како една од најперспективните градови во Европа за развивање на ИТ решенија.

За функционирањето на Lidl Digital ќе се ангажираат над 100 софтверски дизајнери, програмери и консултанти со цел оваа институција да стане главен центар за технологија во Романија.

Технолошкиот центар Lidl Digital се очекува да започне со работа веќе следниот месец.