Lidl влезе и на српскиот пазар

25

Фото: Pixabay

Германската трговска компанија Lidl  и официјално го отвори својот прв бјект во Србија и со тоа го формализираше влегувањето на српскиот пазар, пишува BiznisInfo.

Првиот објект na Lidl всушност е логистички центар којшто се простира на 45.000 квадратни метри и има место за 30.000 палети и капацитет за снабдување на 100 малопродажни објекти.

Компанијата во Србија засега вработува околу 500 луѓе, а со отворањето и на првите продавници, нивниот број значително ќе се зголеми.

Засега уште не е познат датумот на отварањето на малопродажните објекти, меѓутоа од претходно беше најавувано дека тоа ќе се случи во втората половина од годината.

Според планот, истовремено ќе бидат отворени објекти во повеќе од десет градови во Србија, вклучувајќи го и Белград.

Lidl  минатата година купил објект во центарот на Белград, каде што ќе биде лоцирано централното малопродажно место во српската престолнина и неговото отворање ќе биде нешто подоцна.

Маркетите на Lidl во светот, дневно се посетени од преку 10 милиони купувачи, а вкупниот број на вработени изнесува 225.000 луѓе.