Lift – bit, кревет што се трансформира преку апликација

33

1460703068152Денес постојат апликации речиси за сè, па на пазарот се појави таква што го мести креветот во формата што корисникот ќе ја посака, пишува stuff.co.nz.

Станува збор за Lift – Bit, кревет што се прилагодува на положбата на телото преку смартфон апликација или рачно со притискање на копче. Изумот е дело на италијанската компанија Carlo Ratti Associati и швајцарскиот производител на мебел Vitra.

Креветот е изработен од серија поединечни тапацирани столчиња, што можат да се креваат и спуштаат со цел да задоволат различни потреби. Lift – Bit се претвора во столче, кревет, кауч, фотелја…

Сепак, корисниците треба да го имаат во предвид фактот дека доколку подолго време не ја сменат формата на креветот, тој може да се трансформира самиот.

Lift-Bit-ph-Max-Tomasinelli-15-750x505lift-bit-exhibition-carlo-ratti-for-vitra-milan-design-week-2016-visual_dezeen_936_1carlo-ratti-vitra-lift-bit-milan-design-week-2016-designboom-08-818x409