Ликот на Марадона ќе се најде на банкнота од 1.000 пезоси

106

Ликот на починатата фудбалска легенда, Диего Марадона, би можел да се најде на банкнота од 1.000 пезоси, а аргентинскиот конгрес наскоро ќе расправа околу тоа барање што го поднесе членката на Домот на сенатот на Конгресот, Норма Дурандо.

Таа предложи на банкнотата, што вреди околу 12,27 долари, на едната страна да се најде ликот на Марадона, а на другата страна да се најде сликата Божја рака, еден од неговите најпознати голови против Велика Британија на Светското првенство во 1986-та година, пренесува Ројтерс.

“Идејата не е само да се даде чест на нашиот најголем идол и да се размислува за економски прашања. Сметаме дека туристите кога ќе дојдат тука ќе посакаат со себе да го понесат и Марадона. Без разлика дали бил добар или лош, тој е најпознатиот Аргентинец во светот“, рекла Дурандо.

На актуелната банкнота од 1.000 пезоси се наоѓа националната птица Rufous hornero.

Диего Марадона почина на 25-ти ноември на 60 години како последица од срцев удар.

Фото: Pixabay