Ликовите од цртаните филмови останаа без коса за да ги охрабрат децата болни од рак

109

3

Бразилска организација за поддршка на деца болни од рак, направи одличен, забавен проект – ќелави ликови од цртани филмови. Проектот е поддршка за децата кои останале без коса поради хемотерапијата. Во проектот се вклучени креатори на некои познати ликови од цртаните филмови, а од организацијата GRAACC очекуваат да им се приклучат и нови.

Клиповите цртани филмови и постерите би требало да ги охрабрат малите борци да не се чувствуваат осамено и да ја пренесат пораката дека децата болни од рак не треба да бидат третирани поинаку од било кое друго дете.

1

2

4

5