Lipton оди на продажба – Unilever од тоа би заработил 5,5 милијарди евра

37

Потенцијалната продажба на брендот за чаеви Lipton, што е во сопственост на Unilever, привлекува големо внимание. Досега шест групи инвеститори поднесоа понуда за преземање, вклучувајќи го и производителот на чоколади Barry Callebaut, пренесува Retail Detail EU.

Во јануари оваа година, главниот извршен директор на Unilever најави дека има планови за продажба на дел или целокупниот бизнис со чаеви.

Се очекува Unilever да заработи околу 5,5 милијарди евра од продажбата на Lipton, а понудите најверојатно ќе се разгледуваат на крајот на летото. Доколку се реализира оваа продажба, тоа ќе биде најголемата дезинвестиција на Unilever од пред три години, кога на фондот KKR му го препушти сегментот за маргарини за 6,83 милијарди долари.

Фото: Facebook