Листа на најсилни банки во светот според Bloomberg Market

62

banka

Магазинот Bloomberg market ја направи листата на најсилни банки во светот за оваа година, меѓу кои се најдоа само оние што имаат актива од над 100 милијарди долари.

Постојат пет критериуми според кои Bloomberg ја оценуваше силината на 97 банки ширум светот: активата на банката пондерирана со ризикот, нефункционалните кредити, загуба од кредитните резерви, депозитната база и ефикасноста анализирана преку трошоците и приходите на банките.

Осум од 21 топ банки доаѓаат од Азија, вклучувајќи ја и банката број еден во светот. Четири од петте врвни банки во Северна Америка доаѓаат од Канада, а само една американска банка се најде во топ 21 банка.

На 20-тото место се најде германската Deutsche bank. На иста позиција, според бодувањето е China Construction Bank од Кина, а потоа следуваат единствената американска банка U.S. Bancorp и канадската Royal Bank of Canada.

На 17-тото место се најде Malayan banking од Малезија. Шеснаесетта најсилна банка во светот е германската Uni Credit Bank, а пред неа со подобри перформанси се најде Canadian Imperial bank of Commerce.

Шведската Swedbank е 14-та најсилна банка во светот за 2014 година, додека Unicredit Overseas bank oд Сингапур ја зазема 13-тата позиција. Швајцарската UBS е на 12-то место, додека за една позиција подобра е Svenska Handelsbanken од Шведска.

Во топ десет најсилни банки за оваа година се BOC Hong Kong Holdings од Хонг Конг, Skandinaviska Enskilda Banken од Финска, Pohjola Bank исто така од Финска. Сингапурската DBS Group Holdings е седма најсилна банка, а поблизу до врвот се и германската Bayerische Landesbank, додека петта е Qatar national bank од Катар, а четврта е Oversea Chinese banking од Кина.

Вицешампионското место го делат Norinchukin bank од Јапонија и канадската Desjardins group. Приматот најсилна банка за 2014 година и припадна на Hang seng bank од Хонг Конг, која забележа скок од десет позиции во однос на минатата година.