Љубљанска и Белградска берза заедно со 14 инвестициони компании се приклучија кон СЕЕ Линк

24

see-link

Надзорниот одбор на СЕЕ Линк ја прифати одлуката за приклучување на Љубљанската и Белградската берза, како и на вкупно 14 инвестициони компании (брокерски куќи) од Бугарија, Хрватска и Македонија кон СЕЕ Линк.

Седум бугарски, четири хрватски и три македонски инвестициони компании т.е. брокерски куќи ја доставија комплетна документација, по што нивните апликации беа потврдени.

Од Македонија, три инвестициони компании односно брокерски куќи добија одобренија за учество во оваа платформа: Eurohaus AD Skopje, Ilirika investments AD Skopje и Komercijalna banka AD Skopje.

Се очекува во следните неколку недели повеќе инвестициони компании да го пријават членството во СЕЕ Линк.

СЕЕ Линк е заедничко друштво со седиште во Скопје основано во мај 2014 година од страна на Бугарската, Македонската и Загрепската берза. Веб страницата на СЕЕ Линк ќе биде централно место преку коешто инвеститорите ќе можат да ги следат движењата на цените, индексите и другите информации значајни за донесување на одлука за инвестирање во хартии од вредност коишто се тргувани преку оваа платформа.