Лондон: Хотел направен од 26 транспортни контејнери

72

Stow-Away Hotel е одржлив објект направен од 26 транспортни контејнери, коишто се премоделирани со цел да обезбедат соодветно хотелско сместување.

Градбата се наоѓа во населбата Вотерлу, во Лондон, а зад идејното решение стои лондонското архитектонско студио Doone Silver Kerr. Хотелот има пет ката, а при дизајнот дел од контејнерите е исечен за да се добијат големи прозорци со убав поглед.

Собите повеќе наликуваат на апартмани, а секоја од нив има голем кревет, место за седење, бања со спа и туш кабина, пишува Inhabitat.

Освен тоа, вклучена е и мини кујна со сите потребни елементи, а гостите имаат на располагање клима уред, смарт-телевизор и бесплатен Wi-Fi.

Фото:Facebook