Лондон: Модуларни, дрвени кабини со кревет за бездомни лица

59

Дизајнерското студио Reed Watts од Лондон креираше дрвени кабини за бездомни лица, пишува Dezeen. Кабините многу лесно се составуваат, а освен кревет со душек, во нив има и простор за чување на лични работи и завеса што им овозможува приватност.

Високи се 2,1 метар, и исто толку долги, додека широчината им е 1,9 метри со што наликуваат на коцка. Изработени се од огноотпорни иверки од бреза со дебелина од 18 милиметри.

Од судиото се надеваат дека со овој потег ќе поттикнат и други компании, студија и организации да се приклучат на проектот, односно да обезбедат свој простор каде што ќе можат да се постават слични кабини.

Дизајнот може да се најде и преземе онлајн преку лиценцата Creative Commons. Со тоа, секој што има простор ќе може да ги репродуцира материјалите и да создаде уште повеќе места за преспивање. Овие кабини можат да се инсталираа во училишни сали, згради што не се користат и слично.

Во Лондон бројката на бездомни луѓе изнесува 170.000, или едно на секои 52 лица.

Фото: Reed Watts