Во 2022 година, светот забележа 308 нови „еднорози“, стартап компании во вредност од најмалку една милијарда долари. Нивната вкупна вредност, според анализата на платформата PitchBook, се проценува на нешто повеќе од 556 милијарди долари, додека просечната вредност на овогодинешниот „еднорог“ е меѓу 1,6 и 1,8 милијарди долари.
Иако на прв поглед изгледа импресивно, имајќи ги предвид светските трендови кои ја одбележаа годината зад нас, аналитичарите го привлекуваат вниманието на фактот дека во 2022 година се создадени значително помалку такви компании отколку во 2021 година.
Меѓу највредните стартапи кои постигнаа статус на еднорог оваа година е KuCoin, крипто-платформа со седиште во Сејшели, проценета на 10 милијарди долари, според PitchBook.
PitchBook го вклучи и производителот на електрични автомобили GAC Aion од Кина, кој со проценета вредност од 14,4 милијарди долари е на прво место меѓу овогодинешните стартапи, потоа SumUp, финтех компанија од Велика Британија, како истакнати „еднорози“ во 2022 година.
Анализата на PitchBook покажа и дека околу 60 отсто од „еднорозите“ се создадени на северноамериканскиот континент оваа година, исто како и во 2021 година, додека 18 отсто од нив се „родени“ во Азија, што е пад за четири процентни поени во споредба со на претходната година и последиците од она што тие го нарекоа „регулаторна несигурност“ во Кина.
Европски еднорози
Во текот на минатата година во Европа, според податоците на платформата Sifted, вкупно 47 компании за прв пат биле проценети на една милијарда долари или повеќе, со што се приклучиле на „еднорозите“. Анализата на оваа платформа, пак, укажува дека таа е значително помала од лани кога ги имаше 69, а причината ја гледаат и за падот на вкупните инвестиции во стартапи за 23 отсто.
Меѓу овогодинешните европски „еднорози“ најбројни се оние од областа на финтек – дури 14 стартапи се занимаваат со развој на финансиски услуги.