Лоши навики што ја намалуваат интелигенцијата

43

Човечкиот мозок е како компјутерски процесор, и има одреден вид на ресурси коишто можат да се искористат во дадениот момент. Било која споредна состојба (па и емотивна) којашто го окупира нашето внимание може сериозно да влијае на способноста да се концентрираме, фокусираме, да најдеме решение на проблемот, да бидеме креативни, да размислуваме, а со тоа и привремено да го намалиме коефициентот на интелигенција или IQ.

Впрочем проблемот е во тоа што некои психoлошки навики трошат премногу интелектуални ресурси, така што едноставно не оставаат без капацитет за размислување или завршување на задачата.

Според психолозите, следиве пет навики  најчесто нѐ “забавуваат“

Нерешавање на вината

Секој од нас од време на време чувствува вина, и обично се извинуваме или преземаме некои чекори како би се ослободиле од тоа чувство. Меѓутоа, кога вината е нерешена и постојано нè “тишти“, тоа најчесто ни го одвлекува вниманието и сериозно ги нарушува нашите мисли и фокус. Затоа, не дозволувајте чувството на вина да ве блокира, и проблемот “сосечете“ го во корен.

Жалење без ефект

Дали понекогаш ви се случило да се пожалите на сите, освен на личноста која евентуално би можела да ви го реши проблемот? И дали тоа го правите за да си дадете оддишка или навистина мислите дека сите луѓе на кои им се жалите навистина ќе може да ви го решат проблемот? Но, вистината е дека кога ќе ја прераскажуваме приказната одново и одново, стануваме сѐ пофрустрирани, а тоа ни ја одзема енергијата и нѐ спречува да работиме и да размислуваме.

Постојана анализа на одбивањето

Одбивањето создава значајна емотивна болка којашто влијае на нашето расположение и има сериозно влијание на нашето размислување. Исто така може дополнително да нѐ направи премногу самокритични, што понатаму доведува до пад на самодовербата и го зголемува емотивниот стрес. Сето тоа делува како магичен круг во кој се вовлекуваат и нашите мисли.

Грижа

Многумина од нас сметаат дека грижата не може да наштети. “Само сум малку збунет/а“ понекогаш се правдаме со насмевка во грч. Како и да е, загриженоста не само што создава напријатна емотивна состојба, туку може сериозно да наштети и да смета. За среќа, полесно е да се воочи и разреши загриженост, отколку анксиозност.

Замисленост

Повторувањето на некој настан од минатото во нашата глава, состојбата во којашто постојано мислиме на одредени ситуации, а кои се стресни и вознемирувачки може да нѐ исфрустрира и да нѐ доведе до состојба да не можеме да мислиме на ништо друго.