Lufthansa издаде обврзница од 1,6 милијарди евра

12

Германската авиокомпанија Lufthansа соопшти дека издала обврзници во вредност од 1,6 милијарди евра, а парите ќе бидат насочени за отплата на дел од помошта што ја доби минатата година од државната развојна банка KfW за да се избори со последиците од пандемијата.

“Многу сме благодарни на поддршката што ја добиваме на нашите матични пазари. Денешното успешно пласирање на обврзниците ни овозможува да го отплатиме целиот кредит кон KfW“, наведува финансискиот директор на Lufthansa, Ремко Стенберген.

Авиокомпанијата продаде четиригодишна обврзница од 750 милиони евра со принос од 3% и седумгодишна во вредност од 850 милиони евра по стапка на принос од 3,875%.

И покрај големата загриженост на инвеститорите од пред една година во поглед на влијание на пандемијата, обврзниците на Lufthansa со рок на достасување во септември 2024 година, имале принос од дури 6,52%, пренесува Ројтерс.

Фото: Pixabay