Lufthansa издава обврзници од милијарда евра

30

Германската авиокомпанија Lufthansa објави дека на пазарот на капитал ќе се задолжи со дополнителни милијарда евра за да ја подобри својата ликвидност и да може да ја врати државната помош.

Компанијата издала обврзници во две транши од по 500 милиони евра. Првата транша носи годишна каматна стапка од 2%, а достасува за наплата во 2024-та година, додека другата носи камата од 3,5%, а достасува во 2029-та година.

Целта на Lufthansa e собраните пари да ги искористи за зголемување на ликвидноста.

Владите на Германија, Австрија, Швајцарија и Белгија на Lufthansa ѝ ветија итна финансиска помош од девет милијарди евра поради пад во работењето за време на пандемијата.

Компанијата во февруари оваа година издаде обврзници во вредност од милијарда евра и врати дел од државната помош што ја доби.

Фото: Pexels