Lufthansa со понуда за богатите за вакцинирање во Москва

34

Германскиот национален авиопревозник Lufthansa, подготвува салон за прва класа на московски аеродром за богати клиенти од други земји, кои ќе ја примат вакцината Sputnik V, пренесува IntelliNews.

Бидејќи Германија се соочува со недостиг на вакцини, богатите луѓе бараат начин да го прескокнат редот  и да се имунизираат во други земји. Интересот се зголемил откако угледното медицинско списание Lancet  објави дека Sputnik V е безбедна и ефикасна вакцина.

Lufthansa има намера да понуди транспорт до специјалниот салон на аеродромот Домодедово, каде клиентите ќе може  брзо, без никакви царински и други задржувања да ја примат вакцината.

Компанијата наводно го подготвува просторот каде клиентите ќе бидат вакцинирани, а потоа ќе се вратат во својата земја.

Lufthansa веќе е во преговори со министерстовотo за надворешни работи на Германија за да се обезбеди редовна врска меѓу аеродромот во Франкфурт и Домодедово.

Милијардерот Дмитри Каменшчик, во чија сопственост е аеродромот, наводно бил заинтересиран да го понуди како место за медицински туризам.

Фото: Pixabay