Lufthansa станува консултант на новиот црногорски авиопревозник

70

Германскиот авиопревозник, Lufthansa е избрана на меѓународен конкурс за консултант на новата црногорска авиокомпанија To Montenegro, пренесуваат тамошните медиуми.

Стручниот тим на Lufthansa од 29-ти овој месец ќе почне соработка со новиот менаџмент, за да може јасно да ја дефинира стратегијата и структурата на црногорската авиокомпанија.

“Тенденција на менаџментот е градење на авиокомпанија по најмодерни пазарни принципи кои што како главни приоритети ги истакнуваат сигурноста, безбедноста и квалитетот на услугите на идните патници“, се наведува во соопштението на компанијата.

Додаваат дека голем број светски компании, меѓу кои Boeing и PWC, се јавија на меѓународен конкурс од кои што е избрана Lufthansa поради нејзините референци и искуства работи со десетина светски авиокомпании со слични барања и предизвици.

Фото: Pexels