Lufthansa во минус од над четири милијарди евра за девет месеци

21

Германскиот авиопревозник, Lufthansa објави дека во третиот квартал од оваа година оствари оперативна загуба од 1,26 милијарди евра, поради масовното откажување на летови во услови на пандемија и трошоци за компензација на патниците.

Во истиот период минатата година, авиокомпанијата евидентираше добивка од 1,3 милијарди евра.

Lufthansa во третото тримесечје успеа да врати неколку линии и да ги намали високите трошоци, со што ја намали загубата, којашто во претходниот квартал достигна 1,7 милијарди евра.

Оперативната загуба на германскиот авиопревозник, во период од јануари до септември оваа година, достигна 4,2 милијарди евра, наспроти добивката од 1,72 милијарди евра во текот на деветте месеци од 2019 година.