Lufthansa воведе ресторански услуги во бизнис класата

21

lufthansa

Германската авиокомпанија Lufthansa во бизнис класата на прекуокеанските летови воведе услуга на ресторан, каде патниците ги служат лични стјуарди и стјуардеси. Оваа услуга на патниците им овозможува да се чувствуваат како во ресторан – личниот стјуард ги прима нарачките и ги поставува на маса со порцелански прибор за јадење. Веќе нема служење на храна со колички или послужавници.

Новата услуга од овој месец е воведена во летовите на А380 од Франкфурт до Њујорк, Лос Анџелес, Мајами, Хјустон, Сан Франциско, Делхи, Пекинг, Шангај, Сингапур, Сеул и Јоханесбург, пишува Spiegel.

Од 1 октомври услугата ќе се прошири на авионите Boeing 747 на летовите од Франкфурт, а од 25 октомври и во авионите А340 што ќе летаат од Франкфурт и Минхен кон Азија и Блискиот Исток.

Новата услуга веќе е тестирана на 130 летови. Со ова германскиот авиопревозник сака да држи чекор со компаниите како Emirates или Etihad.