Луфтханза откажува летови за време на божиќните празници поради голем број заболени пилоти

Германскиот авиопревозник Луфтханза мораше да откаже неколку интерконтинетални летови за време на божиќните празници бидејќи голем број пилоти се заболени од Ковид-19.

Тоа посебно влијаеше на летовите кон Бостон, Хјустон и Вашингтон во периодот од 23 до 26 декември, изјави портпаролот на Луфтханза, додавајќи оти летовите можат повторно да бидат резервирани.

Компанијата како што наведуваат вовела мерки да се избегне таквата ситуација „но, очигледно тоа не било доволно со оглед на високата стапка на заразени лица”.