Лукоил ги продава бензинските пумпи во источна Европа

49

lukoil

Руската нафтена компанија Лукоил потпиша договор за соработка со унгарската компанија Мол и Norm Benzinkat за продажба на мрежа од бензински пумпи во Чешка, Словачка и Унгарија.

Според договорот, Slovnaft Чешка, ќерка фирма на Мол, од Лукоил ќе купи мрежа од 44 станици за полнење гас на територијата на Чешка. Norm Benzinkat Kft ќе ја преземе мрежата од 75 бензински станици на Лукоил во Унгарија и 19 во Словачка, јавува Итар Тас.

Како што се очекува, двете трансакции ќе бидат завршени до крајот на годината. Одлуката за продажба на имотот е донесена во рамки на планот за оптимизација на нафтениот бизнис на Лукоил.