Лукоил отвори нова бензинска станица во Скопје

22

Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје денеска ја отвори 26-тата бензинска станица во Македонија.

Бензинската станица лоцирана во населба Ѓорче Петров се простира на 1.900 метри квадратни и располага со три диспанзери за точење гориво, апарат за вода – воздух, како и современ мини маркет и кафе бар со тераса.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да точат од горивото Екто, течен нафтен гас, да се снабдат со Лукоил масла, како и да ги купат потребните производи од широкиот асортиман.