Луксузен моден бренд ќе продава заштитни маски по цена од 100 евра

151

Британскиот луксузен моден бренд Burberry e првиот кој официјално направи колекција на скапи маски за лице. Ова не е првпат брендот да произведува маски, но е првпат да ги произведува во комерцијални цели.

Според  компанијата, маските се издржливи, изработени од вишок ткаенина и подобрени со антимикробна технологија. Според веб-страницата на компанијата, овие маски ќе чинат 90 фунти (околу 100 евра).

Маски за лице од Burberry ќе бидат достапни во две бои, беж и бледо сина боја. Секоја маска има мала торбичка што овозможува безбедно да се носи. Според нив, 20 % од продажната цена на секоја маска, брендот ќе ја донира на Фондот Ковид 19 на Burberry заедницата.

Во април, овој бренд произведе во своите фабрики заштитна опрема за здравствените работници кои се на фронтот во борбата против коронавирусот. Од април, многу помали брендови започнаа со производство на маски за лице за комерцијални цели.

Фото:Twitter