Луксузните крузери имаат нова хит дестинација

201

Moжеби Антарктикот е единствен континент којшто е примарно ненаселен (на него нема постојани жители), не е идеално место за престој, но крузерите кои оваа година водат до таму, се идеални за одмор.

Помали крузери планираат да испловат до Антарктикот оваа и следната година, иако пандемијата ја спречи работата на голем број светски крузери. Овојпат фокусот не е на топлите Кариби.

Според наредбата, која важи до 30 септември годинава, крузерите кои се упатуваат кон најстуденото место на Земјата не смеат да превезуваат повеќе од 200 патници и мора да ги заобиколат водите на Соединетите држави.

Scenic Eclipse беше лансиран во 2019 година и е дизајниран исклучиво за крстарење во поларните региони и може да прими 228 патници. Има 114 апартмани, секој со тераса, а не помалку од 30 метри квадратни. Исто така има и многу повеќе луксузни апартмани, чија бања има када со поглед кон морето.

National Geographic Endurance беше претставен оваа година, а ентериерот на крузерот е исто толку восхитувачки како и надворешноста. Интересно е што има 13 апартмани именувани според светски поларни истражувачи.

Crystal Endeavor и La Datcha се крузери кои ќе пловат во 2021 година. Првиот треба да заплови за Антарктикот во ноември следната година. 11-дневниот престој на ова интересно патување чини 13.449 долари по човек и ги вклучува сите оброци, пијалаци, екскурзии и услуга на екипажот.

Фото: Pixabay