Лувр лани го посетиле 72% помалку туристи

34

Музејот Лувр во Париз минатата година го посетиле 72% помалку посетители отколку претходната година, поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Во соопштението на музејот се наведува дека вкупниот број на посетители во 2020 година изнесувал 2,7 милиони.

Музејот, во којшто се наоѓа познатата слика Мона Лиза и други светски дела со огромна вредност, поголем дел од минатата година беше затворен поради рестриктивни мерки, воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.

Фото: Freepik