LVMH има приходи од 28,7 милијарди евра за шест месеци

72

Француската групација на луксузни брендови, LVMH во првата половина од оваа година евидентираше приходи од 28,7 милијарди евра, што е за 56% повеќе во споредба со истиот период лани кога беа актуелни рестриктивните мерки поради пандемијата.

Оперативната добивка во првите шест месеци од оваа година беа за четирипати повисоки во однос на истиот период во 2020 година.

Најбрзо закрепнаа пазарите во САД и Азија, додека европскиот е во фаза на закрепнување.

Вкупната продажба во второто тримесечје се зголеми за 84% на годишно ниво, на 14,7 милијарди евра.

Фото: Pixabay