Maersk Line во Македонија

264

Депо на светски познатата бродска компанија Maersk Line од први јули официјално е пуштено во употреба во Македонија.

Работењето на Депото во Скопје и во Гевгелија го организира компанијата Навико шипинг која работи во рамки на фирмата Блу Бел од Скопје, специјализирана за бродско – контејнерски превоз на стоки од и за Македонија.

Со оваа новина во бродскиот и контејнерскиот транспорт се овозможува чување и преземање на контејнери, достапност на опрема за товар и растовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и значително намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки. Воедно, Македонија станува дел од ланецот Maersk Line.