Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Појава на магла со видливост од 20 до 100 метри има во Кочани, Штип, Сарамзалино, Велес, Кула, Петровец, Тетово, Гостивар, Стража, Прилеп, Битола, Куманово, Страцин, Охрид и Струга.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година.
Геодетските активности за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија се завршени и сообраќајот е нормализиран.
Завршени се и сите теренски активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово.
Заради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, СЕ ЗАБРАНУВА сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во термин од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014 год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.