Магла на Стража

16

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни патишта.

Поради појава на магла на планинскиот превој Стража видливоста е намалена до 60 метри.

По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.