На планините времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во останатите делови ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот на повеќето места ќе има зголемување на видливоста. Дневните температури ќе се движат од седум до 15 степени.
Во Скопје и околината ќе има појава на ниска облачност, со највисока дневна температура до девет степени.