Магла по котлините, во другите делови сонце

17

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, а попладне и значителна локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, особено во скопската, каде маглата со променлив интензитет ќе се задржи во текот на целиот ден. Дневните температури ќе се движат од пет до 11 степени.

Во Скопје и околината магливо со највисока дневна температура до еден степен.