Мајами почнува да ги плаќа вработените со биткоини, сака да стане новата Силиконска долина

123

Градот Мајами се обидува да прифати биткоин во својата деловна активност. Според градоначалникот Франсис Суарез, тоа е потег што може да донесе профит во смисла на привлекување технолошки компании.

Градската комисија одобри, на предлог на градоначалникот,  со биткоинот да се исплаќаат градските работници, а жителите и компаниите да плаќаат такси и даноци со криптовалута.

Суарез истакна дека Мајами сака да стане технолошки град и да се позиционира како еден од технолошки најнапредните градови во САД.

“Цврсто верувам дека ако Amazon и/или Apple го усвојат биткои во структурата за плаќање, работите ќе се забрзаат затоа што во тој случај зборуваме за многу голем обем на трансакции кои можат да го користат биткоин“, изјави Суарез.

Фото: Pixabay