Мајкл Блумберг, еден од најбогатите луѓе во светот, по 12 години како градоначалник на Њујорк, повторно застанува зад медиумскиот гигант Bloomberg LP, што го основа пред 30 години.
Неговото враќање веднаш предизвика низа шпекулации за тоа како ќе се развива компанијата во следните години.
Додека беше градоначалник на Њујорк, во период од 2002 до 2013 година, Блумберг го задржа својот удел во медиумската куќа, но не беше вклучен во нејзиното секојдневно менаџирање.
Блумберг во политичкиот живот важи за непредвидлив политичар, кој првично беше демократ, па потоа стана републиканец, за на крајот да стане независен политички кандидат.
Блумберг е основач и 88% сопственик на Bloomberg LP, компанија за пружање финансиски услуги. Тој располага со имот во вредност од 18,1 милијарди долари и е 12-ти најбогат човек во САД.