Мајкл Џордан донира два милиони долари на банки за храна

42

Американската кошаркарска ѕвезда, Мајкл Џордан, на банки за храна донирал два милиони долари што ги заработил од документарниот филм Последниот танц. Филмот беше посветен за миговите поминати во последната сезона во Чикаго Булс.

“Во овие тешки времиња и година на тешкотии предизвикана од коронавирусот, поважно е од било кога да се даде заштита. Горд сум што ја донирам дополнителната заработка од Последниот танц на организацијата Да ја нахраниме Америка и нејзините банки за храна во Северна и Јужна Каролина и во Чикаго, со цел да добијат храна сите оние кои немаат“, вели Мајк Џордан.

Медиумите наведуваат дека Џордан од документарецот заработил четири милиони долари и најави дека целата заработка ќе ја даде на непрофитната организација Пријатели на децата, којашто е посветена на прекинување на кругот на генерациска сиромаштија.

Џордан неодамна ветил дека ќе донира и 100 милиони долари, за 10 години, на организации што работат на борба за расна рамноправност.

Фото: Facebook