Македонците плаќаат најевтин дизел во регионот, Србите најскап

39

Најскапо гориво во регионот точат граѓаните на Словенија и Србија, бензинот е најевтин во Босна и Херцеговина, а дизелот е најевтин во Македонија.

Литар еуросупер 98 е најскап во Словенија и Србија, каде што чини 1,48 евра. Во Хрватска е 1,39 евра, Црна Гора 1,38, БиХ 1,28 и Македонија 1,32 евра, пишува Аналитика.

Во Словенија е најскап и еуросупер 95, каде чини 1,465 евра, што е за 6,5 евроценти повеќе отколку во Србија. Црногорците и Хрватите за литар еуродизел 95 плаќаат 1,34 евра, Македонците 1,30 евра, а граѓаните на БиХ 1,23 евра. Литарот еуродизел е најскап во Србија и чини 1,43 евра. Потоа следуваат Словенија со 1,393 евра, Црна Гора и Хрватска со 1,30 евра, БиХ со 1,28 евра и Македонија со 1,18 евра.