Македонија 10-та економија во светот за водење бизнис според Doing business 2019

23

Фото: Doingbusiness.org

Македонската економија е десетта меѓу вкупно 190 во светот според условите за водење бизнис, покажува најновиот извештај на Doing Business за 2019 година.

Според критериумите што се неопходни за да може да се води бизнис, најдобрите пет во светски рамки се: Нов Зеланд, Сингапур, Данска, Хонг Конг и Јужна Кореја. На дното на листата се најдоа овие пет земји, во коишто условите за водење на бизнис се најлоши во светот: Либија, Јемен, Венецуела, Еритреја и Сомалија.

Од земјите во регионот, Македонија е на најдобра позиција. Словенија е 40-та земја во извештајот, три места подолу е Турција, веднаш зад неа Косово, а на 48-мо место се најде Србија. Црна Гора е 50-та економија во светот според условите за водење бизнис, осум места подолу е Хрватска, зад неа Бугарија, па следуваат Албанија (63) и Грција (72).