Македонија 47-ма според Глобалниот талент индекс на конкуреност

13

Македонија е рангирана на 47-мо место од вкупно 93 земји во светот на Глобалниот талент индекс на конкуреноста на Светската бизнис школа – INSEAD, изработен во партнерство со Светскиот економски форум, Светска банка, Светската организација за интелектуална сопственост и неколку универзитети. Во новото рангирање Македонија напредна за пет места во однос на ланското кога била на 52-то место, пишува Миа.

Во изработка на Извештајот и рангирањето на земјите се земаат предвид 65 критериуми меѓу кои можноста за отворање и водење бизнис, бизнис климата, растот на економијата, социјалната заштита и пензискиот систем, пазарот на работна сила, образованието, политичката клима…

Македонија најдобро е рангирана според можностите за почнување на бизнис каде е на 8 место.

На првото место на листата е најде Швајцарија, по неа се Сингапур и Луксембург. Од земјите во регионот Словенија е на 26, Хрватска на 46, Албанија на 70, Бугарија е на 45, а Грција на 50 место.

Препораките во извештајот се дека отвореноста на економијата е клучна за подобрување на конкурентноста, а фискалната стабилност и конкуреноста за постигнување одржлив развој. Се препорачува и намалување на невработеноста, подобрување на образовниот систем и квалификациите на работната сила.