Македонија 62-ра најмирољубива земја во светот

43

Од 163 земји во светот, Македонија е 62-ра најмирна земја за живот во светот, покажува Global Peace Index 2020 на Институтот за економија и мир.

При анализата, предвид се земени три главни критериуми, а тоа се: социјална сигурност, внатрешни или меѓународни судири и степен на милитаризација на земјата.

Податоците велат дека економските трошоци од насилството во земјава изнесуваат 1.778 долари по глава жител во 2019 година или 6% од вредноста на бруто домашниот производ на земјата.

Исланд е предводник на листата како најмирољубива земја на планетата, по што следуваат: Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Чешка, Јапонија и Швајцарија.

Од земјите во регионот, највисока позиција има Словенија (11), а по нејзе следуваат: Хрватска (26), Бугарија (28), Србија (51), Албанија (55) и Грција (57). Зад Македонија (62-ра) се: Црна Гора (69), Босна и Херцеговина (79) и Косово (85).

На дното на листата се: Авганистан, Сирија, Ирак, Јужен Судан и Јемен.

Фото: Freepik