Македонија доби 36,4 милиони евра од Заемот за развојни политики за конкурентност

25

На сметка на Буџетот на Македонија денеска пристигнаа средствата од Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светска банка во износ од 36,4 милиони евра, соопштува Министерството за финансии.

“Република Македонија ги доби овие средства за успешно спроведување на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста. Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку приблекување на инвестиции, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста во трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации“, се наведува во соопштението.

Овој заем е продолжение на првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност во износ од 38,7 милиони евра од 2013 година.

“Одржувањето на макроекономската стабилност и континуираното спроведување на реформски мерки од страна на Владата насочени кон зголемување на инвестициите, вработеноста и конкурентноста на македонската економија во континуитет се позитивно оценети од Светска банка што резултира со финансиска поддршка на истите“, стои подолу во соопштението од Министерството за финансии.