Македонија е 10-та најевтина земја за живеење во светот

23

beautiful smiling girl  line up coins in pillars

Македонија е 10-та најевтина земја за живеење или поминување на пензионерските денови во светот, покажуваат податоците на истражувачката компанија за финансиско советување GoBankingRates.

На листата се најдоа 50-те најевтини земји, а при оценката е направена споредба на податоците меѓу овие земји со оние на жителите на Њујорк.

Кога станува збор за Македонија, бројките покажуваат дека локалната потрошувачка моќ е за 49,7% пониска за разлика од онаа на жителите на Њујорк. Закупнините во земјава се 94% поевтини во споредба со оние во овој американски град. Цените на намирниците во Македонија се за 73,3% пониски во однос на цените во Њујорк, додека кај локалните добра и услуги тој процент е 68,6%.

Првите пет најевтини земји се најдоа Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија и Казахстан. Последните пет најевтини земји во светот, што се најдоа на оваа листа, се Мароко, Хрватска, Литванија, Перу и Белорусија.

Од земјите во регионот, Косово е трета најевтина земја, потоа следи Босна и Херцеговина позиционирана на 11-тото место. Србија е 18-та најевтина земја во светот, едно место подолу е Грција, додека Бугарија е 20-та земја. Црна Гора е 26-та земја што е најевтина за живеење, Албанија едно место подолу, па потоа следат Турција и Словенија на 31-во односно 36-то место.