Македонија го одбележува Светскиот ден на штедењето

11

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, денеска на свечена седница ќе додели признанија на 37 најдобри шалтерски работници од банки и штедилници за постигнати резултати во работење со население за 2013 година.

На седницата ќе присуствува гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, како и претставници од банки и од другите финансиски институции, од осигурителниот сектор, државни институции.

По повод меѓународниот ден на штедење, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и НБРМ распишаа конкурс за деца и млади за ликовна творба за учениците од основното образование и литературна творба за учениците од средното образование. Темите се И јас умеам да штедам и Што значи за мене осигурување на домот и семејството.