Македонија годишно фрла по 5.000 тони храна

43

ostatoci-od-hrana-pixabay

Фото: Pixabay

Македонија фрла по 5.000 тони храна годишно, количини коишто може да снабдат 13.000 луѓе со три оброка дневно, јавува Миа.

За надминување на ваквата состојба се изготвуваат законски измени коишто треба да бидат готови најдоцна до почетокот на идната година, а предвидуваат наместо да се фрла, храната да се донира во хуманитарни цели.

Со регулирањето на фрлањето на храната најпрво ќе бидат опфатени маркетите, добавувачите и производителите по што, во втората и третата фаза ќе бидат таргетирани и рестораните, кетеринг службите и домаќинствата.

“Македонија е седма во светот по фрлање храна, а штетата од тоа достигнува 10 милиони евра. Најмногу храна фрлаат домаќинствата, дури потоа се рестораните, производителите и добавувачите. Бројките се многу сериозни и веројатно достигнуваат 10.000 тони годишно, количина којашто би можела да биде основа за една цела нова социјална програма за загрозените“, изјави Блаже Јосифовски, претседател на Асоцијацијата за чиста животна средина Ајде Македонија, којашто е иницијатор на законските измени.

Со законското решение ќе се бара бизнисите да бидат ослободени од данокот на додадена вредност за храната што ќе ја донираат, но и од кривична одговорност при евентуални незгоди или злоупотреби ако доследно ги почитуваат правилата за безбедна храна.